Заврши конкурсот на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево на тема „Најстара издадена книга“

Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево заврши конкурсот на тема „Најстара издадена книга“, на кој учествуваа вкупно 24 љубители на книжевноста со свои ретки и вредни изданија.

Првото место го освоија Ана и Даме Ивановски со книга која потекнува од 18 век, пишувана на црковнословенски јазик со руска варијанта, со кожен повез и метални елементи, дело со значајна историска, уметничка и колекционерска вредност.

Второто место ѝ припадна на Анита Петровска за книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремија М. Павловиќ (1928), а дополнително беше претставен и редок „Соновник“ што датира околу 1843 година.

Третонаградената Сања Николовска учествуваше со книга од 1930 година – преведена едиција од германскиот поет и есеист Хајнрих Хајне, со украсни зелени орнаменти околу текстот.

На конкурсот учествуваа и: Александар Ситновски (1978), Бети Јовановска (1952), Биљана Петровска (1949), Валентина Даневска (1970), Бојан Петровски (1965), Верка Арсова (1946), Гоца Анакиев (1967), Даниела Георгиевска (1947), Даниела Такева (1965), Даринка Михаиловска (1962), Јана Цинцовска (1976), Катерина Марковска (1946), Лидија Дамјанова (1967), Маја Димитровска (1967), Милена Глинџарска (1970), Моника Анакиевска (1954), Невенка Стоименовска (1962), Светлана Стоименовска (1966), Ана Попова (1966), Александар Кутлесовски (1968) и Ана Стојчевска (1956).

Од библиотеката „Илинден“ – Делчево упатија благодарност до сите учесници, истакнувајќи дека секое издание претставува „библиотечна реликвија“ и сведоштво за времето во кое е создадено, а воедно потсетува на трајната вредност на знаењето и потребата да се негува љубовта кон книгата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*