Тимот на „Golak Trails“ викендов беше на терен, каде што се одвиваше голема акција за чистење и уредување на патеките и игралиштата на планината Голак.
Организаторите информираат дека секој дел од патеките е внимателно среден со цел учесниците на претстојната спортска манифестација да имаат безбедно, пријатно и незаборавно искуство во природа.
„Веруваме дека секој тркач заслужува авантура исполнета со свеж воздух, природа и позитивна енергија,“ велат од „Golak Trails“.

Особена благодарност беше упатена до волонтерите кои активно учествуваа во подготовките и придонесоа да патеките и игралиштата бидат подготвени за сите љубители на спортот и природата.
„Golak Trails 2025“ ќе понуди уникатна можност за трчање низ живописните предели на Голак, а организаторите најавуваат настан исполнет со енергија, забава и чиста природа.


Leave a Reply