Ракометниот клуб Делчево на 6 и 7 септември ќе го организира првиот меѓународен меморијален турнир во чест на младата ракометарка Андреа Ампова, која почина на само 10-годишна возраст.
Турнирот ќе има натпреварувачки карактер, но како што велат организаторите, неговата најголема цел е зачувување на името и споменот на Ампова, за која ракометот бил најголема љубов.

На турнирот ќе учествуваат екипите ЖРК Топличанин од Србија, Ракометна школа Топка од Велес, скопските клубови ЖРК Вардар и ЖРК Спартак, како и домаќинот ЖРК Делчево со генерацијата 2013/2014.

За сите учесници се обезбедени медали, а на 6 септември навечер ќе се одигра и ревијален натпревар во кој ќе настапат сите ракометарки кои во изминатите години биле дел од клубот на Делчево.


Leave a Reply