Вело Родео на 5 септември во Пехчево

Со мотото „Back to school, back on wheels!“, во Пехчево на 5 септември ќе се одржи настанот „Вело Родео“, во организација на Општина Пехчево.

Настанот ќе се одржи од 11:00 до 13:00 часот во дворот на ООУ „Ванчо Китанов“, како вовед во Европската недела на мобилност и со цел промоција на здрави животни навики и одржлив стил на живеење.

Преку различни активности, младите ќе имаат можност да ја препознаат важноста на активната мобилност. Програмата опфаќа вело полигон за подобрување на велосипедските вештини, друштвени игри и вело меморија, совети за проверка и одржување на велосипеди, како и LEGO активности.

Организаторите потсетуваат дека задолжително е носење кацига за сите учесници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*