Актуелниот советник на Левица Делчево носител на советничката листа и на претстојните избори

Објава на Тони Стаменковски, актуелен советник на Левица Делчево.

Почитувани сограѓани,

Со голема чест и одговорност ви се обраќам како носител на листата на кандидати за советници од Политичка партија Левица. Ова не е само чест, туку и огромна обврска кон сите вас – граѓаните на нашата општина.

Нашата борба е јасна и непоколеблива – борба против корупцијата и криминалот. Советниците на Левица нема да дозволат никакви злоупотреби и криминал, а ниту најмал сомнеж или доказ за незаконито постапување нема да биде премолчан. Сè што ќе биде откриено, ќе биде јавно презентирано и веднаш доставено до надлежните институции.

🚫 Тајните партиски договори за лични интереси на поединци, а на грбот на граѓаните, нема да бидат дозволени!
⚖️ Секој оној кој ќе постапува спротивно на законските прописи ќе сноси соодветна кривична одговорност.

⛔️ Времето на едноумието заврши!
✅ Граѓаните заслужуваат општина во која секоја одлука и секој потрошен денар ќе биде строго контролирани.
✅ Заслужуваме општинска администрација која ќе работи чесно, транспарентно и единствено во интерес на народот.

Ова е патот кој го нудиме – пат на чесност, одговорност и вистинска грижа за сите вас.

Заедно ќе ја изградиме општината што ја заслужуваме!

ВремеЕ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*