СОУ „Методи Митевски-Брицо“, предводено од директорката Дијана Цонева, координаторот Емануела Манасиева и професор Желеанка Демирова, денеска во хотел „Панорамика“ свечено го потпиша договорот за имплементација на четвртиот циклус на проекти во рамки на програмата „СуперУчилишта“ со Регионалната канцеларија за младински политики, информираат од училиштето.

На церемонијата присуствуваа дел од проектниот координативен тим, а свое обраќање имаа и високи претставници на институциите кои ја поддржуваат програмата: Елена Ивановска – генерален секретар на Министерството за образование и наука, Александар Албу – раководител на активности од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Фатмир Сабриу – генерален секретар на Министерството за социјални политики и демографија, извршниот директор на GIZ, како и раководниот тим на Регионалната канцеларија за младински политики во Скопје.

Со потпишувањето на договорот, СОУ „Методи Митевски-Брицо“ официјално влегува во процесот на подготовка и реализација на нов меѓународен проект, кој ќе се спроведува во партнерство со училиште од Тирана.


Leave a Reply