Кандидатите за градоначалници на Општина Берово, денеска свечено го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, со што се обврзаа на почитување на принципите на демократијата, доброто владеење и придонес кон демократскиот развој на општеството.
Во духот на заемна почит и толеранција, кандидатите си подадоа рака како симболичен чин на заложба за фер политичка конкуренција и почитување на изборната волја на граѓаните.
-Со овој чин, Општина Берово уште еднаш испрати порака дека изборите треба да се одвиваат во фер, демократска и достоинствена атмосфера, во интерес на граѓаните и идниот развој на заедницата, се вели во објавата по тој повод
Претседателот на Општинската изборна комисија, Драган Страторски, им посака на кандидатите фер и успешни избори, изразувајќи надеж дека процесот ќе помине во најдобар ред, без проблеми. Тој нагласи дека сите кандидати се добри и додаде дека на Берово му е потребна инвестиција што треба да ја обезбеди идниот градоначалник.
Кон честитките се приклучија и членовите и заменик-членовите на Општинската изборна комисија. За позицијата градоначалник на Општина Берово на претстојните избори влегуваат Петар Ружински од ВМРО ДПМНЕ и Илија Рунтевски од СДСМ. Со општината во изминатите 8 години раководи градоначалникот Звонко Пекевски.

Leave a Reply