Општина Делчево ја заврши реконструкцијата на улицата „Благој Стоименов“, со што граѓаните добија современа и безбедна сообраќајница, информираше утрово градоначалникот Горан Трајковски.
-Реализиравме уште еден многу значаен проект за граѓаните кои живеат на улицата ‘Благој Стоименов’ и околните делови од нашиот град. Завршивме со поставување на нов асфалт, со што оваа улица доби современ и безбеден изглед, а сообраќајот ќе се одвива многу поефикасно и побезбедно“, напиша Трајковски.

Тој потенцира дека пред почетокот на асфалтирањето, целосно е обновена водоводната мрежа, со што жителите конечно добиваат стабилен и квалитетен доток на вода.
-Нашата цел е да обезбедиме трајни решенија, а не привремени интервенции. Затоа секогаш настојуваме да ги изведеме сите потребни подземни работи пред финалните градежни зафати“, подвлече Трајковски.
Со овој проект, според него, се подобруваат условите за живот на граѓаните и се придонесува кон модернизација на градската инфраструктура.


Leave a Reply