Во време кога читањето често се поврзува со жените и децата, ЈЛБ „Илинден“-Делчево со особена гордост ја истакнува улогата на мажите кои ја негуваат љубовта кон книгата. Тие се пример дека пишаниот збор е сила што инспирира, образува и гради карактер.
Со својата посветеност тие ја рушат предрасудата дека читањето е „за други“ и покажуваат дека вистинската моќ е во знаењето.
По тој повод, библиотеката и овој септември ја објави топ 5 листата на читатели – мажи, која изгледа вака:
- Хрстијан Петровски
- Благојчо Грлнски
- Лука Постоловски
- Андреј Ристевски
- Даме Ивановски
Сите тие добија подарок книга, како знак на признание за нивната љубов кон литературата и редовното членство во библиотеката.
„Мажите кои читаат се мажи кои водат, знаат и инспирираат,“ велат од библиотеката, упатувајќи честитки и благодарност кон сите читатели кои ја чуваат магијата на книгата жива.

Leave a Reply