Фудбалерите на Брегалница Делчево со драматичен пресврт ја совладаа екипата на Рудар од Пробиштип со 2:1, во натпревар од 4. коло одигран на Градскиот стадион „Гоце Делчево“.
Гостите од Пробиштип поведоа по еден брз контранапад по половина час игра, откако ја искористија невнимателноста на домашната одбрана. Делчевци имаа свои шанси и пред водството на Рудар – прво преку Ратков кој ја погоди пречката, а потоа и преку Дојчинов чиј удар го одбрани голманот Донев.
Финишот донесе целосен пресврт. Во 87. минута Дојчинов беше прецизен од белата точка и израмни на 1:1. Истиот играч повторно беше во центарот на вниманието и во судиското продолжение, кога по одлично изведен корнер на Ратков, Дојчинов ја смести топката во мрежата за конечни 2:1 и голема радост на домашната публика.
Со оваа победа, Брегалница Делчево стигна до 6 бодови и скор од 2 победи и 2 порази по првите четири кола. Во продолжение погледнете ги головите од натпреварот, но и целиот натпревар

Leave a Reply