Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ се вклучи во националната пилот-програма UPSHIFT

Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ официјално се приклучи на националната пилот-програма UPSHIFT, која се спроведува во партнерство со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, како и во соработка со УНИЦЕФ и Амбасадата на Шведска.

Програмата има за цел да ги поттикне средношколците да развиваат иновативни решенија за еколошки и општествено корисни предизвици, преку тимска работа и креативно размислување.

Во рамки на програмата во училиштето ќе се формира UPSHIFT клуб, каде учениците ќе можат да креираат свои идеи и да учествуваат на натпревар. Победничкиот тим ќе добие финансиска поддршка од 54.000 денари за реализација на својот проект.

Денес во училиштето беше реализирана и првата работилница, на која со голем интерес присуствуваа ученици од различни одделенија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*