Во периодот од 26 до 28 септември во Делчево се одржа обука за општи врснички едукатори, под водство на обучувачот Маја Спасова.
Тридневната обука беше исполнета со интерактивни активности, игри и динамични вежби, преку кои учесниците стекнаа нови знаења и вештини поврзани со општи врснички едукации и работењето на Црвениот крст.
Од вкупно 8 учесници, 6 успешно ја завршија обуката и ќе добијат сертификати за општи врснички едукатори. ООЦК Делчево со гордост ги најавува новите 6 обучени врснички едукатори, меѓу кои се волонтери од Делчево и Македонска Каменица.
Оваа обука претставува значаен чекор напред во развојот на млади лидери кои ќе го пренесуваат духот на хуманоста, солидарноста и другарството понатаму

Leave a Reply