Прво место за хорот и оркестарот на СОУ „Методи Митевски-Брицо“ на „Астибо Фест“ во Штип

Хорот и оркестарот на СОУ „Методи Митевски-Брицо“ Делчево, во соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“ и МАСС Академи, под раководство на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска, го освоија првото место на Меѓународниот фестивал на камерни хорови „Астибо Фест“ 2025 во Штип.

Фестивалот се одржа на 3 и 4 октомври во Центарот за култура „Ацо Шопов“, а на него учествуваа хорови и вокални ансамбли од Македонија, Србија, Бугарија, како и интернационален хор со членови од САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Русија, Белгија, Костарика и други земји.

Хорот на СОУ „М. М. Брицо“ настапи во категоријата мешани хорови и го освои највисокото признание, резултат на месечната посветеност, труд и дисциплина на учениците. Од септември, тие вредно се подготвуваа за настапот, а резултатите покажаа дека љубовта кон музиката навистина се исплати.

„Голема благодарност до сите учесници и честитки за овој извонреден успех!“, порача м-р Елена Ѓеоргиевска, раководител на хорот.

Овој успех ја потврдува квалитетната работа на хоровите од Делчево и ја истакнува важноста на музичкото образование и културната соработка меѓу училиштата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*