Во повеќе градови низ Македонија се одвива серија културни настани кои обединуваат изложби, книжевни промоции и креативни работилници за деца и млади. Турнејата веќе започна, но продолжува со нови настани во различни градови.
Серијалот започна на 18 септември во Основното училиште „Ванчо Прке“ во Делчево и на 19 септември во ОУ „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
На 4 октомври во Кичево беше отворена изложбата „Јаков од Камена Река“, проследена со промоција на книгата „Иста адреса“ и работилница „Учиме да пишуваме афоризми и епиграми“. На настанот присуствуваа над 50 ученици од основните училишта во Кичево, кои учеа како да пишуваат детски епиграми и афоризми и како да ги илустрираат своите идеи. Од најдобрите илустрации ќе биде создадена сликовница и изложба. Исто така, децата се запознаа и со глаголицата.
Претходно во Охрид, публиката повторно имаше можност да присуствува на работилницата и промоцијата, а турнејата продолжува со нови активности на 6 октомври во Радовиш, со најави дека вакви работилници ќе се одржат и во Кочани и Крива Паланка.
Часовите за пишување и илустрирање на афоризми и епиграми ги водат Миле Ѓорѓијоски и Софија Ситновска, додека Христина Деолска ја претставува употребата на Глаголица Нова.

Leave a Reply