Во ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево се реализира проектот „Didactic toys and games“, преку програмата Erasmus+, со партнери од Словенија – Градинка „Otona Župančiča“ од Slovenska Bistrica и Хрватска – Dječji vrtić Vukovar 1 од Вуковар.
Проектот има за цел унапредување на воспитно-образовната работа преку размена на искуства, знаења и добри практики. Финансиран е од Erasmus+ европски фондови преку Словенската Национална агенција за развој на образованието.
Првиот состанок се одржа во Словенија – Slovenska Bistrica од 27.01 до 31.02.2025 година, каде учесниците имаа предавања и работилници за материјалите и составот на играчките со кои работат со децата, со акцент на играчки од природни материјали.
Вториот состанок се одржа во ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево од 05.05 до 09.05.2025 година, со предавања од професор по педагогија и практични работилници за изработка на играчки од волна (од потеклото на волната до финалниот производ), каменчиња, дрво и други природни материјали.
Третиот состанок се одржа во Хрватска – Вуковар од 29.09 до 03.10.2025 година, каде се реализираа работилници за изработка на играчки за надворешниот простор од природни и рециклирачки материјали, како и предавања за методи, техники и работа со природни материјали.
Преку овој проект, наставниците и воспитувачите ги унапредија своите меѓународни искуства во работата со деца, проширувајќи ги своите видици за создавање подобра иднина за идните генерации.




Leave a Reply