Донација од „Фротирка“ за Итната медицинска помош во Делчево – олеснет транспорт на тешко подвижни пациенти

Делчево, 16 октомври 2025 – Компанијата „Фротирка“ донираше помагала за потребите на Итната медицинска помош при Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево, со што значително ќе се олесни транспортот и пружањето медицинска помош на тешко подвижни лица.

Директорката на Здравствениот дом, Билјана Георгиевска, изрази голема благодарност до компанијата за хуманоста и континуираната поддршка.

– Голема благодарност до „Фротирка“ за донацијата. Оваа помош ќе придонесе за полесно и побезбедно работење на екипите на Итната медицинска помош, особено во случаи кога се транспортираат пациенти со ограничена подвижност. „Фротирка“ во изминатиот период во повеќе наврати донираше за нашиот здравствен дом и нивната поддршка навистина многу значи, истакна Георгиевска.

Со ваквите донации, како што нагласи таа, се подобруваат условите за работа на здравствените тимови и се обезбедува поквалитетна услуга за граѓаните од регионот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*