Отпочна реконструкцијата на Културниот дом во село Црник

Во село Црник започна првата фаза од проектот за реконструкција на Културниот дом, со што се создаваат подобри услови за развој на културно-забавниот живот на жителите од ова населено место.

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, изјави дека реконструкцијата претставува дел од пошироките заложби на општината за подобрување на инфраструктурата во сите населени места.

„Со оваа инвестиција овозможуваме Црник повторно да добие современ простор за културни настани, манифестации и дружење. Културниот дом ќе стане место кое ќе го зближува населението и ќе го поттикнува локалниот развој,“ изјави Китански.

Во првата фаза се изведуваат градежни активности на објектот, а во наредните ќе следуваат внатрешно уредување и набавка на потребна опрема. Проектот се реализира со поддршка од Општина Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*