Во рамките на активностите за спроведување на Националната развојна стратегија 2024–2044, денеска победникот на изборите на градоначалник на Делчево, Иван Гоцевски, беше гостин на состанокот на Работниот комитет на тема „Одржлив локален и регионален развој кој обезбедува кохезија“.
Состанокот има за цел унапредување на политиките и мерките за одржлив локален и регионален развој, со фокус на обезбедување еднакви шанси за напредок на сите региони и општини во земјата, вклучително и Општина Делчево.
„Силните општини и развиените региони се темел на севкупниот национален напредок“, истакна Гоцевски по завршувањето на настанот.
Работниот комитет на Националната развојна стратегија е клучен инструмент за координација и спроведување на мерки кои ќе придонесат за кохезивен и одржлив развој на целата држава

Leave a Reply