Македонска Каменица: Проекција на филмот „Патерсон“ со благослов на Епископот Марко

Македонска Каменица, 10 ноември 2025 – Во организација на Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“, утре (11 ноември) со почеток во 17:00 часот ќе се одржи проекција на филмот „Патерсон“, во режија на Џим Џармуш.

Проекцијата се одржува со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко. По прикажувањето на филмот, Епископот Дремвички г. Давид ќе одржи пригодно обраќање, а настанот ќе заврши со отворена дискусија со присутните гледачи.

Настанот се реализира во рамките на активностите за унапредување на културниот и духовниот живот во општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*