Врснички едукации по повод „Ноември – Месец на борба против зависности“

Во рамки на националните активности за унапредување на здравите животни навики кај младите, обучени врснички едукатори од Општинската организација на Црвен крст Делчево денес спроведоа низа едукативни сесии на тема „Борба против зависности – дрога, алкохол, цигари“.

Едукациите беа реализирани со учениците од VIII одделение во:

  • ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
  • ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево

Како и со учениците од VIII и IX одделение во:

  • ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево

Преку интерактивни активности, дискусии и групни задачи, учениците имаа можност да се запознаат со:

  • ризиците и последиците од употребата на цигари, алкохол и други психоактивни супстанци
  • препознавање и справување со врснички притисок
  • техники за донесување здрави, информирани и безбедни одлуки

Од ООЦК Делчево ја истакнуваат важноста на превентивната работа со млади, нагласувајќи дека навремената едукација претставува клучен чекор кон изградба на заедница без зависности.

„Горди сме на активностите и на големата ангажираност на учениците, кои со интерес и отвореност учествуваа во сите делови од програмата. Продолжуваме со континуирани превентивни активности во сите училишта,“ наведуваат од организацијата.

Организаторите упатија благодарност до наставниците и училишната администрација за поддршката и успешната реализација на едукативниот ден.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*