Општина Берово започнува серија „Форуми во заедницата“ како дел од подготовките за Буџетот за 2026 година

Берово, — Општина Берово ја најави новата серија јавни настани „Форуми во заедницата“, чија цел е вклучување на граѓаните во креирањето на општинскиот Буџет за 2026 година. Преку овие сесии, жителите ќе можат директно да ги презентираат своите идеи, приоритети и предлози пред општинската администрација.

Градоначалникот Петар Ружински истакна дека ваквиот пристап претставува важен дел од транспарентното и отворено управување со општината, нагласувајќи дека „општината не е само институција, туку заедница составена од своите граѓани“.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 19 ноември 2025 година (среда) во Голната сала на Општина Берово, со почеток во 12 часот. Втората сесија е закажана за 3 декември 2025 година (среда), на истата локација и во ист термин.

Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани активно да учествуваат, со цел заедничко дефинирање на развојните приоритети на Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*