
Во рамки на обележувањето на Ноември – Месец на борба против зависности, изминатата недела беа реализирани низа едукативни активности насочени кон младите од Делчево и Македонска Каменица.
Во основните училишта „Св. Климент Охридски“ – Делчево и „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, беа спроведени врснички едукации со учениците од деветтите одделенија. Младите активно се вклучија во дискусии за различните видови зависности, ризиците што тие ги носат и начините како да донесуваат здрави и информирани одлуки.
Покрај работилниците, во просториите на Црвениот крст беше организирана и панел-дискусија за младинска превенција, каде младите имаа можност отворено да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат, потребата од поддршка и значењето на навременото информирање.
Овие активности претставуваат важен чекор кон подигнување на свеста и јакнење на капацитетите на младите за препознавање и спречување на ризично однесување.
🔹 Иницијативите продолжуваат и понатаму – за посигурна, поздрава и поинформирана младина во нашиот регион!

Leave a Reply