
На гала-настанот одржан на 26 ноември во Конгресниот центар во Нови Сад, постхумно беше доделено посебно признание за основачот Славе Сирачевски, за неговиот значаен личен придонес во развојот на туризмот во Македонија.

Аурора Ресорт & Спа се закити со вкупно шест златни медали и Пехар за развој на планинскиот туризам, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како еден од водечките туристички брендови во земјата.



Меѓу наградените се најде и патописната емисија „Патуваме Сонуваме со Аурора“, презентирана од Татјана Трајковска, која освои златен медал во категоријата медиумски проекти.
Покрај успесите на гала-свеченоста, Аурора Ресорт & Спа ќе биде дел од 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, каде ќе ги претстави своите најнови програми и туристички понуди пред регионалната и меѓународната публика.





Leave a Reply