Марија Сумрачка именувана за в.д директор на ЈКП „Брегалница“ – Делчево

Делчево, (29 ноември 2025) – Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска соопшти дека Марија Сумрачка е назначена за вршител на должноста директор на ЈКП „Брегалница“ – Делчево.

Гоцевски упати пофалби до новата в.д. директорка, како и до вработените во претпријатието, истакнувајќи дека по завршувањето на пазарниот ден професионално и навремено ја извршиле работата околу чистењето и одржувањето на јавните површини.

Сумрачка доаѓа на местото на досегашниот директор Стојче Стојковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*