
На 21. меѓународен натпревар „Крстопат на музите“, кој традиционално се одржува во Софија, младите таленти од Делчево и Македонска Каменица постигнаа забележителен успех и се вратија дома со бројни највисоки награди.
Обединетиот ансамбл составен од членови на хорот и оркестарот при СОУ „М.М. Брицо“, ООУ „Св. Климент Охридски“ и МАСС Академи го освои Првото место во категоријата мешан ансамбл, под менторство на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска и Дејан Ѓеоргиевски – Ѕене. Комисијата истакна голем восхит за нивната уметничка изведба, усогласеност и професионалност.
Индивидуални успеси – Пијано
(ментор: проф. м-р Елена Ѓеоргиевска)
– Ина Здравсковска (6 г.) – Второ место
– Ведран Сугарев (8 г.) – Прво место
– Даријан Манов (9 г.) – Прво место
– Јова Десподов (9 г.) – Прво место
– Бисера Малчовска (10 г.) – Прво место
– Леа Маркова (11 г.) – Прво место
– Михаела Јанчевска (11 г.) – Прво место
– Тамара Стоименовска (11 г.) – Прво место
– Андреа Митевска (13 г.) – Второ место
Индивидуално – Пеење
(ментор: проф. м-р Елена Ѓеоргиевска)
– Софија Цветановска (6 г.) – Прво место
– Инес Краѓозова (6 г.) – Прво место
– Калина Новакова (11 г.) – Прво место
– Михаела Јанчевска (11 г.) – Прво место
– Нела Трајановска (12 г.) – Прво место
Комбинирана категорија – гитара и пеење
– Илија Спасовски (12 г.) – Настап во категоријата гитара и пеење
(ментор: проф. м-р Елена Ѓеоргиевска)
Гитара – камерна музика
– Квартет гитари „Рубато“ – Второ место
Членови: Максим Михаиловски, Вилијам Пешкирски, Мелани Ванчевска, Виктор Велиновски
(ментор: проф. м-р Елена Ѓеоргиевска)
Литература
– Елена Алексовска – Прво место (средни училишта до 16 г.)
– Сара Ангелова – Прво место (18+)
Ментори: Весна Соколова и Лидија Дамјанова
Пеење 18+
– Јана Попова – Прво место
(ментор: проф. м-р Елена Ѓеоргиевска)
Овие бројни признанија се сведоштво дека посветеноста, трудот и љубовта кон уметноста донесуваат резултати препознаени и ценети на меѓународни сцени.
Особено значајно е што од оваа година проф. м-р Елена Ѓеоргиевска е единствен официјален стратешки партнер и координатор за Македонија на фестивалот „Крстопат на музите“, како и член на меѓународното стручно жири.

Leave a Reply