Монодрама со Игор Ангелов во Делчево: Емотивно патување низ животот и малите радости

Делчево, 22 декември 2025 – Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево најавува монодрама според мотиви на Данкан Мекмилан, во изведба на еден од најпознатите и најценети македонски актери, Игор Ангелов.

Претставата е емотивна, искрена и длабоко човечка, носи приказ за животот, среќата, болката и малите моменти кои нè држат исправени. Монодрамата успева истовремено да насмее, да трогне и да остави силен впечаток кај публиката.

Детали за претставата:
📅 Датум: Четврток, 25.12.2025
🕖 Почеток: 19:00 часот
📍 Локација: Сала – Спомен дом АСНОМ, Делчево
🎟 Влез: 250 денари

Билетите се достапни во претпродажба во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, како и во Урбан Кафе и Валиум Кафе, а ќе можат да се купат и на билетарата во Спомен дом АСНОМ непосредно пред почетокот на претставата.

Не пропуштајте можност да уживате во едно незаборавно театарско искуство со Игор Ангелов!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*