
Со цел подобрување на животната средина и овозможување работно ангажирање на невработени лица, Општина Делчево започна со реализација на проектот „Чиста животна средина во Општина Делчево“. Во рамки на проектот, работно се ангажирани 29 невработени лица преку Активна мерка 6.1 – Јавни работи од Оперативниот план за вработување за 2025 година на Министерството за економија и труд, кој се спроведува од страна на Агенцијата за вработување на Македонија.

Ангажираните лица ќе работат во времетраење од 22 дена, по 4 часа дневно, при што ќе бидат вклучени во активности поврзани со уредување и одржување на јавните површини и заштита на животната средина.
Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, истакна дека ваквите мерки имаат двоен бенефит – од една страна придонесуваат кон почиста и поздрава животна средина за граѓаните, а од друга страна обезбедуваат финансиска поддршка и работно искуство за лица кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот.
Ангажираните лица ќе добијат месечен надомест, а проектот претставува значаен чекор кон социјална инклузија и поддршка на локалната заедница.

Leave a Reply