Градоначалникот Иван Гоцевски со Божиќна Порака до Православните Верници

Делчево, Божиќ – По повод големиот христијански празник Божиќ, градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, упати божиќна честитка до сите православни христијани, истакнувајќи го значењето на верата, заедништвото и духовните вредности.

Во својата изјава, Гоцевски нагласи дека на денот на Христовото раѓање „сите православни христијански патишта водеа кон нашите духовни храмови, темели на нашата вера“, потенцирајќи ја улогата на црквата како столб на духовниот живот.

Тој посочи дека словото Божјо, пренесено преку Епископот делчевско-каменички Марко, ја објави радосната вест за раѓањето на Исус Христос, а исполнетата градска црква „Пресвета Богородица“ во Делчево, според него, е јасен показател дека живата православна црква има светла иднина.

„На сите православни христијани им го честитам празникот Божиќ, со желби за мир, спокојство, духовна исполнетост и радост, здравје и благосостојба во секое семејство“, порача градоначалникот Гоцевски.

Тој ја заврши пораката со традиционалниот божиќен поздрав: „Нека е за многу години. Христос се роди.“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*