Пензионерска прослава во Македонска Каменица по повод Василица

Македонска Каменица – Во пријатна и празнична атмосфера во Македонска Каменица се одржа традиционалната пензионерска прослава по повод Стара Нова Година – Василица, на која присуствуваа бројни пензионери од општината.

Централен момент на настанот беше кршењето на василичарското лепче со паричка, при што среќата ѝ се насмевна на Трајанка Соколовска, кај која се падна паричката – симбол на здравје, среќа и благосостојба во текот на годината.

По тој повод, Општина Македонска Каменица, како и претходните години, ѝ додели златник на среќната добитничка, во знак на почит, внимание и продолжување на вековните василичарски обичаи.

Градоначалничката Соња Стаменковска истакна дека ваквите настани се важни за негување на традицијата и зајакнување на заедништвото меѓу граѓаните, особено меѓу повозрасната популација.

„Нека духот на Василица ни донесе здравје, топлина, меѓусебна почит и уште многу вакви убави средби“, порача Стаменковска.

Прославата помина во празнично расположение, со дружење и заедничко одбележување на еден од најзначајните народни празници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*