КИЦ „Романса“ објави кастинг повик за нова театарска продукција во режија на Тара Димитровска С

Културно-информативниот „Романса“ од Македонска Каменица објави кастинг повик за нова театарска продукција во режија на Тара Димитровска С.

Кастинг повикот се однесува за нова театарска продукција која ќе биде поставена во текот на 2026 година.

Станува збор за авторски театарски проект кој, според најавите на организаторите, ќе донесе силна, автентична и емотивна приказна инспирирана од реалниот живот и современите општествени состојби, со фокус на препознатливи и животни ликови.

Кастингот е отворен за сите заинтересирани лица со силна сценска енергија, храброст, чувство за хумор и способност за играње реални и препознатливи карактери. Повикот се однесува на актери, аматери, како и на сите љубители на театарската уметност кои сакаат да бидат дел од автентичен и современ сценски проект.

Рокот за пријавување е до 25 јануари 2026 година, а аудицијата ќе се одржи на 30 јануари 2026 година. Заинтересираните кандидати треба да испратат кратко видео и текстуална биографија на електронската адреса romansakic@gmail.com.

Проектот е во режија на Тара Димитровска С., а од КИЦ „Романса“ посочуваат дека целта на продукцијата е да создаде театарско дело кое ќе комуницира директно со публиката и ќе ја пренесе вистината на сцената без задршка и компромиси.

Со овој кастинг повик, Културно-информативниот центар „Романса“ продолжува со својата активна улога во развојот и афирмацијата на културниот живот во Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*