
Со голема вера, радост и почит кон традицијата, денеска во Берово свечено беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Богојавление – Водици.
Во водите на реката Брегалница, пред многубројни верници и учесници, најсреќен беше Благој Дујовски, кој прв стигна до светиот крст – симбол на благослов, надеж и духовна сила.
По повод празникот, Општина Берово го награди најсреќниот учесник со вредносен ваучер од 15.000 денари, а дополнителна награда обезбеди и општествено одговорната компанија ЗЕГИН.
Празничната атмосфера уште еднаш покажа дека беровчани со гордост ја негуваат вековната традиција, пренесувајќи ја од генерација на генерација.
Честитки до Благој Дујовски и до сите учесници кои храбро се вклучија во настанот!
На сите граѓани на Берово им го честитаме големиот христијански празник Богојавление – Водици – ден на духовно прочистување и потсетник на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од Свети Јован Крстител.

Leave a Reply