
Делчево, – Денес, во просториите на Општина Делчево, се одржа конститутивна седница на која и официјално беше формирана Месната заедница на населбата „Ѕвегорска Река“, со што жителите на оваа населба добија директно и легитимно претставување пред локалната самоуправа.
На седницата беше избран петчлениот состав на Месната заедница, чија примарна задача ќе биде застапување на потребите и интересите на граѓаните од оваа населба. За претседател на Месната заедница „Ѕвегорска Река“ е избран Томчо Јовановски, кој заедно со останатите четворица членови ќе работи на унапредување на условите за живот, подобрување на инфраструктурата и решавање на тековните прашања од значење за локалното население.
Формирањето на Месната заедница претставува важен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу граѓаните и Општината, како и кон поефикасно и навремено решавање на локалните предизвици.
Од Општина Делчево упатија честитки до новоизбраното раководство и им посакаа успешна и плодна работа во претстојниот мандат, во интерес на жителите на населбата „Ѕвегорска Река“.



Leave a Reply