
Блиц интервју | Горан Велков, тренер на РК Делчево
ДЕЛЧЕВО365: РК Делчево повторно ќе учествува на Трофејот на Град Нови Сад. Што значи ова натпреварување за клубот?
Горан Велков: Ова е четврта година по ред како учествуваме на овој реномиран меѓународен турнир. За нас тоа е исклучително важно искуство, бидејќи се натпреваруваме со силни екипи од Балканот и пошироко.
ДЕЛЧЕВО365: Со кои категории ќе настапите оваа година?
Горан Велков: Оваа година настапуваме со девојчиња во три категории – ракометарки до 12 години, како и мини ракомет за генерации 2016 и 2015/16.
ДЕЛЧЕВО365: Каква улога има генерацијата 2013–2014 во развојот на клубот?
Горан Велков: Оваа генерација за нас претставува увертира за формирање на пионерска екипа, која од септември ќе започне со настапи во рамки на Ракометната федерација на Македонија. Во нив полагаме големи надежи.

ДЕЛЧЕВО365: Како течат подготовките за турнирот?
Горан Велков: Подготовките ги започнавме веднаш по Нова година. Работевме континуирано и екипата е подготвена за настапот во Нови Сад.
ДЕЛЧЕВО365: Какви се очекувањата од натпреварувањето?
Горан Велков: Турнирот ќе биде исклучително тежок. Ќе играме во група со уште пет екипи, а победникот од нашата група ќе се сретне со победникот од другата група во финале. Нашата цел е јасна – одиме на победи и добар резултат.
ДЕЛЧЕВО365: Кој ви помогна во реализацијата на ова патување?
Горан Велков: Голема благодарност до родителите за поддршката околу сместувањето, до Општина Делчево, Фротирка Делчево, како и до нашите спонзори „Алпин Комп“, „Амбасадор“, „Брегал ДOО“ и „Лукатекс“.

Leave a Reply