
Во насока на унапредување на дуалното образование, денеска во Македонска Каменица се одржа работна средба меѓу градоначалничката Соња Стаменкова, претставници на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ и компанијата Рудник САСА.
Средбата се реализира во рамки на досегашната успешна соработка и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу образовната институција и стопанството. На состанокот беа разгледани реализираните активности, беа разменети искуства, како и договорени идните чекори за понатамошно зајакнување на дуалното образование.
Посебен акцент беше ставен на практичната настава и подобрата подготовка на учениците за вклучување на пазарот на трудот, со цел создавање стручен и конкурентен кадар.
Од Општина Македонска Каменица истакнуваат дека партнерствата меѓу образовните институции и компаниите се од клучно значење за обезбедување реални можности за вработување на младите и нивно задржување во општината.
Локалната самоуправа најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на младите и инвестирање во нивната иднина.

Leave a Reply