Во рамките на заштитата на животната средина и уредувањето на јавните површини, Јавното претпријатие „Камена Река“ спроведе акциско чистење на потегот од градската депонија па сè до влезот на Македонска Каменица.
Целта на акцијата е подобрување на хигиената, заштита на природата и создавање почист и поуреден град за граѓаните.
Од ЈП „Камена Река“ апелираат до сите граѓани отпадот да го фрлаат исклучиво на места предвидени за тоа и со заедничка одговорност да придонесат за чиста и уредна Македонска Каменица.
„Заедно чуваме – заедно чистиме“, порачаа од претпријатието, истакнувајќи дека грижата за животната средина е заедничка обврска.

Leave a Reply