Почнува турнирот во мал фудбал – Работнички спортски игри 2026 во Берово

Во салата „Македонски Бранители“ во Берово, со почеток во 18:00 часот, започнуваат Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал, во организација и под покровителство на Општина Берово. Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот Петар Ружински, а учесниците се замолуваат да бидат присутни на отворањето.

Првото коло ќе се одигра на 19 февруари 2026 година, според следниот распоред:

  • 18:00 – Образование – МВР
  • 18:30 – АРСМ – Фагус и Национални Шуми Пехчево
  • 19:00 – Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители
  • 19:30 – Труд и социјала – Роми

Ждрепка и групи

Ждрепката се одржа на 16 февруари 2026 година, во присуство на претставници од сите екипи, а беа формирани две групи:

Група А: Образование, Труд и социјала, Роми, МВР
Група Б: АРСМ, Општина Берово, Приватни фирми и угостители, Фагус и Национални Шуми Пехчево

Натпреварите се играат во систем секој со секој, а првите две екипи од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето. Вкрстувањето ќе биде: А1 – Б2 и Б1 – А2.

Правила и бодување

  • Победа – 3 бода
  • Нерешен резултат – се изведуваат по 3 седмерци (победник 2 бода)
  • Пораз – 1 бод
  • Две полувремиња по 10 минути
  • Дозволени 4 фаули по полувреме; за секој нареден фаул – пенал
  • Екипите имаат право на еден тајм-аут по натпревар
  • Исклучувања: 2 минути за прв прекршок, 4 минути за потежок прекршок, црвен картон за недолично однесување

Општина Берово им посакува на сите учесници добра и фер игра, со спортски дух и забава за сите присутни.

Сите спортски љубители се поканети да присуствуваат во салата „Македонски Бранители“ на 19 февруари со почеток во 18:00 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*