Апел за одговорно однесување со палењето смреков оган за Прочка во Делчевско

По повод претстојниот верски празник Прочка – Поклади до нас пристигна апел до граѓаните за одговорно и законско одбележување на празникот, со посебен акцент на заштитата на животната средина и јавното здравје.

За празникот како што се вели во апелот освен смреков оган, строго е забрането палење гуми, пластика и друг вид отпад.

-Палењето гуми и отпад сериозно ја загадува животната средина, директно го загрозува здравјето на граѓаните и претставува дејствие спротивно на законските прописи“, се наведува во апелот.

Дејан Димитровски, претседател на месната заедница Милково Брдо, каде се практикува палењето смреков оган за Поклади предупреди дека ваквите постапки можат да предизвикаат сериозни последици, како загадување на воздухот, опасност од пожари и прекршочна или кривична одговорност за сторителите.

-Апелираме до сите граѓани празникот да го одбележат одговорно, со почитување на законите, традицијата и заедничката грижа за здравата и чиста животна средина, истакна Димитровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*