ФОТО: Борбата во Блатец продолжува !

Денеска масовно беше блокиран регионалниот пат Виница – Берово како знак на протест против изградбата на хидроцентралата на Блатец. Граѓаните на достоинствен и сложен начин се спротивставија, истакнувајќи дека ова не е борба од инает, туку борба за вода, за зачувување на природата и за иднината на следните генерации.

„Блатец не е на продажба“, гласеше пораката на учесниците на барикадите, кои добија и силна поддршка од ветровите што дуваа во нивен грб.

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, лично присуствуваше на протестот, застана со народот и даде јасна поддршка, како и уверување за институционална помош за брзо решавање на ситуацијата.

Организаторите изразија голема благодарност до медиумите што известуваа во живо, овозможувајќи гласот од барикадите да стигне до секој дом.

Борбата продолжува, се вели во завршната порака на жителите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*