
Со пригодна програма и свечени активности, на 24 февруари 2026 година (вторник) ќе биде одбележана 82-годишнината од Февруарскиот поход, еден од значајните настани од народноослободителната борба.
Настанот ќе се одржи на спомен-плочата на Февруарскиот поход на планината Голак, со почеток во 10:00 часот, а е во организација на Советот на Општина Делчево, под покровителство на општината.
Според програмата, собирот и поаѓањето на учесниците е предвидено во 09:15 часот од пред Спомен-домот АСНОМ, по што ќе следува свеченост по повод 82-годишнината од Февруарскиот поход. Во рамки на одбележувањето, ќе биде извршено и засадување на 82 садници, како симбол на годините од походот и континуитетот на сеќавањето.
Настанот ќе заврши со освежување со топол чај и дружење на присутните.
Од Општина Делчево упатуваат отворена покана до граѓаните, љубителите на планината и почитувачите на историското наследство да земат учество и достоинствено да го одбележат овој значаен датум.

Leave a Reply