
🤗МАРТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Хуманоста денес повторно беше покажана на дело во ООЦК Делчево.
Со голем одзив и силна волја да се помогне, успешно беше реализирана денешната крводарителска акција, на која беа собрани 1️⃣0️⃣3️⃣ крвни единици.
Особено радува што 1️⃣0️⃣ лица за првпат се приклучија на хуманото семејство на крводарители, правејќи го својот прв чекор кон спасување човечки животи.
Секоја дарувана капка крв значи надеж, шанса и нов живот за некого. Токму затоа крводарителството претставува еден од највисоките облици на хуманост.
Искрена благодарност до сите крводарители и кои со својата несебичност придонесоа оваа акција да биде успешна.
Вашата хуманост спасува животи.

Leave a Reply