
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денес изврши увид на реализацијата на уште еден инфраструктурен проект. Тој објави крај на градежните работи за реконструкцијата на ул „Кочо Рацин“ во населбата Милково Брдо.
-Согласно со проектот на оваа улица се реконструираше подземната инсталација-реконструкција на старата водоводна мрежа и замена на старата инсталација со нова полиетиленска инсталација, по што се реконструираше и коловозот на улицата во должина од 108 метри, информира Гоцевски
Улицата која претходно создаваше голем број проблеми на жителите од улицата и поради ископаните дупки беше небезбедна и за возачите и за пешаците.
-Сега веќе имаат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и современ пристап до своите домови, додаде Гоцевски
Вредноста на проектот изнесува 1,8 милиони денари, а работите ги изведуваше ОСД Кирил-Штип.
Реконструкцијата на оваа улица е дел од големиот пакет инфраструктурни проекти финансиски поддржани од Владата на Република Македонија и премиерот Мицкоски. Пакетот кој се инвестира во Делчево тежи 142 мил денари, а неговата реализација се движи со посакувано темпо.
-Продолжуваме со градежните зафати за реконструкција и изградба на планираните улици и работиме на изградба на современа патна инфраструктура во Делчево и значително влијаеме на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, заврши Гоцевски во својата објава.


Leave a Reply