Вести од Истокот: Младите од „Ехо на хуманоста“ со низа хуманитарни активности во Македонска Каменица

Групата „Ехо на хуманоста“, составена од млади волонтери на Црвениот крст и кои се дел од ПХВ Проектот, во изминатиот период активно делуваше на територијата на Македонска Каменица, реализирајќи повеќе активности со хуманитарен карактер.

Со силна желба да помогнат и да поттикнат солидарност кај граѓаните, младите волонтери организираа иницијативи насочени кон поддршка на оние на кои им е најпотребна. Нивната посветеност и енергија се вистински пример за хуманост, емпатија и општествена одговорност.

97d035fb bbd8 4b9f 8011 e1029289af86

Од групата најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со своите активности, останувајќи верни на мисијата – да помогнат, да охрабрат и да направат позитивна промена во заедницата.

Апелот до граѓаните останува ист – доколку шетате низ улиците на нашиот град, подадете рака и донирајте. Мал гест за некого може да значи многу.

Хуманоста започнува од секој од нас. Поддржете ја, се вели во објавата на локалниот портал Каменица24

52466227 8cc1 4378 8ea2 fc1aef714971

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*