СВИКАНА 8. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Претседателот на Советот на Општина Делчево, д-р Николчо Стојменовски донесе Решение за свикување на 8. редовна седница на Советот, која ќе се одржи на 31 март 2026 година (вторник) со почеток во 10:00 часот.

Седницата ќе се одржи во Мултифункционалниот центар во Делчево, сместен на вториот кат во Спомен-домот АСНОМ.

На дневен ред пред советниците ќе се најдат повеќе значајни точки, меѓу кои усвојување на записникот од претходната седница, како и разгледување на годишни извештаи и програми за работа на повеќе институции и тела.

Советот ќе расправа за годишните извештаи за развојот на Источниот плански регион, како и за работењето на Центарот за развој на регионот за 2025 година.

Меѓу поважните точки е и Предлог-правилникот за начинот и критериумите за доделување награди и признанија на Општина Делчево, како и неколку одлуки за учество на општината во проекти, меѓу кои:

  • „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“,
  • проект за енергетска ефикасност преку замена на уличното осветлување со ЛЕД технологија,
  • и проект за регионален центар за згрижување на кучиња скитници.

На седницата ќе се разгледува и предлог-одлука за формирање Партиципативно тело на Општина Делчево.

Советниците ќе ги разгледаат и годишните сметки за 2025 година на повеќе јавни установи и училишта, меѓу кои ЈЛБ „Илинден“, основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св. Климент Охридски“, како и СОУ „М.М. Брицо“.

На дневен ред се и финансиски документи на Општина Делчево, вклучувајќи квартални извештаи за извршување на буџетот, годишен извештај и завршна сметка за 2025 година.

Ќе се разгледува и извештајот за работа на ЈКП „Брегалница“, како и годишната сметка на претпријатието.

Дополнително, пред советниците ќе се најдат повеќе предлог-одлуки поврзани со урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти, како и одлуки поврзани со работата на детската градинка „Весели Цветови“.

Седницата ќе заврши со точката „Прашања и предлози“ на членовите на Советот.

Решението за свикување на седницата e објавено во „Службен гласник на Општина Делчево“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*