Интерактивна работилница за млади на тема „Социјално претприемништво“

Во Делчево денес се одржа интерактивна работилница на тема „Социјално претприемништво“, наменета за млади кои сакаат да научат како да креираат идеи што носат општествена промена и одржлив развој.

На ден 02.04.2026 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на Младинскиот центар од Делчево и ресторант Палма, се одржа четвртата работилница од проектот „Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ – Млади исток“, кој што се спроведува од наша страна. На настанот присуствуваа околу 20 млади лица од Делчево, претставници на останати невладини организации и општествени институции.

Инаку, проектот, Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ „Млади исток“ има за цел формирање на младински хаб кој ќе обезбеди знаења, вештини, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади.

Целна група и корисници се младите од општините Македонска Каменица, Виница и Делчево.

На настанот, од страна на експертот Зоран Биковски, беше извршена обука на младите за; Менаџирање на социјалните претпријатија и развој на бизнис идеја, Правни аспекти и финансиско управување со социјалните претпријатија, Социјални иновации и унапредување на претприемачките вештини, Обука на млади претприемачи за социјално претприемништво, Изработка на Канвас и бизнис план, Пристап до фондови и современи извори на финансирање.

*Дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.

#МладиПретприемачи

#НаправиРазлика

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*