Во просториите на Младинскиот центар од Делчево се одржа шестата работилница од проектот „Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ – Млади исток“, кој што се спроведува од наша страна. На настанот присуствуваа околу 20 млади лица од Делчево, претставници на останати невладини организации и општествени институции.
Инаку, проектот, Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ „Млади исток“ има за цел формирање на младински хаб кој ќе обезбеди знаења, вештини, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади. Целна група и корисници се младите од општините Македонска Каменица, Виница и Делчево. На настанот, од страна на експертот Зоран Биковски, беше извршена обука на младите за; Менаџирање на социјалните претпријатија и развој на бизнис идеја, Правни аспекти и финансиско управување со социјалните претпријатија, Социјални иновации и унапредување на претприемачките вештини, Обука на млади претприемачи за социјално претприемништво, Изработка на Канвас и бизнис план, Пристап до фондови и современи извори на финансирање.
*Дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
Настанот се реализираше во соработка со Младинскиот совет и Природна Перспектива.
#МладиПретприемачи#НаправиРазлика#ОпштествениПредизвици#ИновативниРешенија#RAISECSOs

Leave a Reply