Во пресрет на утрешното одбележување на патрониот празник, во СОУ „М.М. Брицо“ денеска се одржа едукативен квиз на тема „Да научиме за Брицо и СОУ ММ Брицо“.
На настанот учествуваа вкупно седум екипи, кои ги покажаа своите знаења, тимски дух и посветеност. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, беа избрани трите најуспешни екипи, кои се истакнаа со најдобри резултати и заслужено ги освоија првите три места.
Покрај квизот, во рамки на активностите беше реализирано и доделување дипломи по повод конкурсот за ораторство. Најдобрите ученици беа наградени со дипломи за освоено прво, второ и трето место, со што се одбележа нивниот труд и креативност во изразувањето.
Од училиштето упатија честитки до сите учесници и наградени ученици, истакнувајќи дека ваквите активности придонесуваат за поттикнување на знаењето, самодовербата и заедништвото меѓу учениците.


Leave a Reply