Делчево365: Што се одбележа денес и по кој повод?
Александар Белогаски: Денес, 15 април 2026 година, организиравме ликовна работилница во чест на Љубомир Белогаски.
Делчево365: Зошто токму сега?
Александар Белогаски: По повод 115 години од неговото раѓање, како значаен јубилеј за македонската ликовна уметност.
Делчево365: Кој стои зад организацијата на настанот?
Александар Белогаски: Беше организирана од Ликовното студио и ателје „Љубомир Белогаски“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево.
Делчево365: Кој ја иницираше идејата?
Александар Белогаски: Јас, како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Делчево365: Каков беше одзивот на јавниот повик?
Александар Белогаски: Имаше јавен повик за сите заинтересирани граѓани.
Делчево365: Дали се вклучија ученици?!
Александар Белогаски: Беше испратена покана до СОУ „М.М. Брицо“ Делчево за 5–8 ученици.
Делчево365: Колку учесници на крај се појавија?
Александар Белогаски: На настанот учествуваа само две ученички Мила Сугарева и Јована Костадиновска кои се едни од најталентираните во Делчево.
Делчево365: Како го толкувате интересот за ликовната уметност?
Алескандар Белогаски: Интересот е ограничен.
Делчево365: Како би го објасниле тоа?
– Како што не може секој да биде фудбалер, пејач или пекар, така не може секој да биде ни уметник.
Делчево365: На што работеа учесниците на работилницата?
Александар Белогаски: Работеа во техника акрил на платно.
Делчево365: Кoja беше темата?
– „Репродукција на дела од Љубомир Белогаски“.
Делчево365: Дали проектот има институционална поддршка?
Александар Белогаски: Проекти за ваква ликовна колонија беа поднесувани од моја страна во претходните години, но за жал не беа одобрени од комисијата на Министерството.
Делчево365: Со кое образложение?
– Дека нема доволно национални елементи.
Делчево365: Како сепак успевате да го реализирате проектот?
– Со домаќинско и посветено работење низ годините.
Александар Белогаски: Што конкретно значи тоа?
– Тоа значи дека имам сочувано материјали низ годините од разни проекти токму за вакви битни настани да имаме залиха да ги сработиме.
Делчево365: Дали и во текот на годината работите со лица кои сакаат да творат во вашето атеље?!
Александар Белогаски: За жал просторијата каде беше атељето е пренаменета односно сега е сопственост на Општина Делчево
Делчево365: Што ќе се случи со изработените дела?
– Делата ќе останат во сопственост на НУЦК „Н. Ј. Вапцаров“ – Делчево
Во продолжение ви пренесуваме неколку фотографии од денешната работилница:







Leave a Reply