Пред над 350 присутни гости – бизнис лидери, HR професионалци и претставници на дипломатскиот кор – беа доделени наградите за најпосакуваните компании за вработување, избрани со гласови од јавноста.
На настанот беа доделени и награди за најпоскаувани работодавачи по индустрии, каде Зегин ја зема наградата за најпосакуван работодавач во категоријата Аптеки.✨
Наградата ја прими Христина Механџиска Георгиевска, косопственичка на компанијата Зегин, која ја посвети наградата на сите вработени во компанијата, истакнувајќи дека мотото на Зегин – “Од задоволен вработен, до задоволен купувач” е клучниот двигател кој ја води компанијата кон уште поголеми успеси и резултати.🏆
Истовремено Зегин како учесник и поддржувач беше дел и од – VI International Controlling Conference “AI Meets Controlling: Leading with Insight in the Era of Transformation”, организирана од
@kontrolingbiznis_centar и @mitkamojsovska.

Во рамки на конференцијата беше презентиран процесот на планирање – од контролинг, преку малопродажба, до маркетинг секторот, при што се истакна значењето на силната меѓусекторска координација, споделена преку практичните искуства и перспективи од нашите колешки Јана Ѓорчева Корубин, Маја Топкоска и Татјана Маневска. 🎯
Зегин уште еднаш потврди дека е водечка компанија во имплементација на напредни технологии кои овозможуваат одржливо и ефикасно работење. 📈
Горди сме што сме дел од настани кои придонесуваат за развој на професионалната заедница и споделување на современи практики.


Leave a Reply