Ученици од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево учествуваа на меѓународниот дебатен настан Logic Lab 2026, кој се одржа од 14 до 18 април во Загреб, Хрватска.
Настанот, организиран од Croatian Debate Society, секоја година собира млади дебатери од повеќе држави преку едукативни работилници и мини турнир, со цел развој на дебатните вештини, критичкото размислување и јавното говорење.
Како дел од учесниците на кампот, од делчевското средно училиште присуствуваа учениците Даме Ивановски и Ива Анакиевска, кои имаа можност да го стекнат своето прво меѓународно дебатно искуство и да се поврзат со дебатери од меѓународната сцена.
Од училиштето информираат дека учеството на вакви меѓународни настани претставува значаен придонес за личниот и академскиот развој на учениците, овозможувајќи им стекнување нови знаења, размена на искуства и унапредување на комуникациските вештини.


Leave a Reply