Седница на Советот на Општина Делчево на 29 април

Делчево, 27 април 2026 – Претседателот на Советот на Општина Делчево донесе решение за свикување на 9. редовна седница на Советот, која ќе се одржи на 29 април (среда) со почеток во 10:00 часот.

Седницата ќе се одржи во Мултифункционалниот центар во Делчево, сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ.

На дневен ред се повеќе точки, меѓу кои усвојување на записник од претходната седница, како и предлог-решенија за именување членови во комисии поврзани со доделување награди и признавања и подготовка на акти за меѓуопштинска соработка.

Советниците ќе разгледуваат и предлог-одлуки за воспоставување и унапредување на меѓуопштинска соработка меѓу Делчево и општините Берово и Македонска Каменица, како и предлог за збратимување со општини од Република Италија.

На седницата се предвидени и материјали од јавни установи и претпријатија, меѓу кои годишна сметка и извештај за работа на ЈКП „Брегалница“, како и годишна сметка и планови на ЈЛБ „Илинден“.

Дополнително, ќе се разгледуваат предлог-одлуки за проширување на буџетот, финансиска поддршка на спортски клубови и граѓани, како и програми за образование, управување со отпад и ревитализација на општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*